Ова ќе ве наежи: Дојдоа од Колумбија за во Скопје да ја запеат „Распукала Шар Планина“

Добивај вести на Viber

„Колумбиецот Јанко“ е името со кое фронтменот на бендот „Вардар Анди“ се претставува пред македонската публика. 

Оваа мала група музичари редовно ја воодушевува македонската публика со изведбата на традиционални македонски песни во придружба на свои колеги музичари, а пристигна во Скопје за да ја изведе македонската песна „Распукала Шар Планина“.


На видеото, објавено на социјалните мрежи од заедницата на следбеници на музиката на овој бенд, се гледа како музичарите од Колумбија ја изведуваат „Распукала Шар Планина“ и се движат низ кејот на реката Вардар. 

Колумбискиот бенд „Вардар Анди“ не ја крие наклонетоста кон македонската традиционална музика, а нивните изведби освен тоа што се доследни на македонската музика имаат нота на автентичност која ги воодушевува слушателите. Без разлика на тоа дали се од Македонија или од друга страна на светот. 

М.С.К