Оваа Македонка беше симбол на една ера – денес таа е вистинска инспирација!

Добивај вести на Viber

Беше една од најатрактивните ТВ водителки и модели од крајот на 1990-тите и почетокот на новиот милениум, но и промотер и пионер на електронска музика или техно музика како што ја нарекуваа во тоа време, со својата емисија „Зона Х“, која го третираше токму тој прогресивен, нов звук и неговите жанрови и правци.

А потоа, Даниела Спасовска Гошевска ја создаде песната „Овој град е магичен“ и ги освои сите топ листи. Потоа ја бараа насекаде. и поради нејзиниот лик како супермодел и заради песните. Стана вистински бренд сама по себе. 

Но, поради работни ангажмани целосно се тргна од музиката, се омажи, стана мајка и не намали со убавината. Всушност, денес изгледа уште поатрактивно. Вистинска модна икона на стилот. Од неа може навистина да се учи за стилот.

Дани постојано патува, таа е и уметник и има фантастични уметнички слики, ужива во животот, со семејството и можеби не е свесна колкава трага остави...

Н.Т

Фото: Фб, Инстаграм