Актуелно // Insta вести
Овој хумористичен тандем на ист ден слави роденден: „Да беа родени вчера, ќе ги викавме Распусто“
- 11 Јуни, 2025 12:10

Познатиот хумористичен тандем од култното шоу К-15, Миле Паника и Тошо Малерот, го слават роденденот на ист ден. По тој повод, фан-страницата на К-15 сподели заедничка фотографија од актерите Бранко Огњановски и Васко Тодоров, кои стојат зад овие легендарни ликови.
Во духот на
препознатливиот хумор на К-15, објавата беше проследена со духовит коментар:
„Да беа родени вчера, ќе ги викавме Распусто. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН за дуото од
најпознатото трио!“
Честитките веднаш започнаа да пристигаат од фановите, кои со носталгија се потсетија на златните времиња на македонската сатира и незаборавните скечеви на К-15.
Фото: ФејсбукРЖМ