Петрушовска го покажа своето тело како на божица, па влезе во базен: Еве кој ѝ правеше друштво

Добивај вести на Viber

Познатата водителка Андријана Петрушовска ги изненади своите следбеници со нова фотосесија во костим за капење, направена покрај идиличен базен. 

Освен прекрасната локација, внимание привлече и нејзиното друштво – нејзиното милениче, кое уживаше заедно со неа во водата.

Фотографиите откриваат моменти на мир и повлекување од секојдневната градска врева, а Петрушовска јасно покажува дека ѝ е потребен одмор и време за себе.


Покрај симпатичните кадри со кученцето, фокусот беше и на нејзиниот изглед – Андријана изгледа одлично, со вито тело и во врвна форма, што дополнително го привлече вниманието на нејзините обожаватели.

Фотосесијата е вистинско освежување и инспирација за летна релаксација и љубов кон себе.