Пие пиво, јаде обилни колични на месо, а пак изгледа светски: Наша топ моделка откри како се исхранува

Македонскиот топ модел Катарина Ивановска сподели дел од својата трпеза на социјалните мрежи, откривајќи дека и таа знае да ужива во обилен оброк.
Објавата беше проследена со краток текст: „Патувањето го прогласувам за завршено“, што според многумина укажува дека по исполнет ден, решила да се почести со храна по свој вкус.
На фотографијата се гледа чаша пиво и полна чинија со месо – комбинација која за некои можеби би била неочекувана кога станува збор за модел кој постојано е во одлична форма.
Но Катарина уште еднаш покажа дека не е роб на трендовите и дека знае да ужива без грижа на совест.
Фановите реагираа со пофалби за нејзиниот опуштен и искрен пристап, а дел од коментарите гласеа дека токму поради тоа изгледа среќно и природно.
Очигледно е дека на Ивановска ваквата исхрана не ѝ пречи да остане негувана, згодна и самоуверена – нешто што долго време ја прави пример за многу девојки.
РЖМ / М.С.К