Под отворено небо, со тело како божица: Симона Попоска во секси бикини сними спот (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Под огнено небо, со тело како божица, потемнета кожа и секси бикини…

Симона Поповска го сними спотот за новата летна песна со наслов „Ловец и плен“. 

Со „Ловец и плен“ Симона Поповска прави чекор напред, не само на музички план, туку и емотивно, зашто композицијата го отвора внатрешниот монолог на една жена која повторно се наоѓа во циклусот на разочарување, но овојпат гледа со отворени очи.

Зад песната, инаку во афро-хаус стил, како автор се потпишува познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, чии се музиката, аранжманот, миксот и мастерингот.

Текстот, пак, напишан од Робин Зимбаков, е полн со реални, директни реченици кои ги живееме сите. Нема глумење, нема романтични клишеа, ова е женски глас што вели: Не барам многу, само сакај ме.

Текстот зборува за тоа кога си уморен од игри, од лажни фасади, од луѓе што те проценуваата не те познаваат. Понекогаш си лавица, понекогаш плен. Но на крај сакаш само едно - да си сакан“, вели Симона.

Видеото за „Ловец и плен“ е работено под режисерската палка на Крсте Шупев, а кадрите се снимени на магичното зајдисонце во Сани Бич, Грција,и го следат истиот наратив - жена сама на плажа, со сопствените мисли, движења и сенки. Поглед кон хоризонтот, но и поглед внатре во себе.

Симона во видеото се појавува во неколку модни комбинации, кои го истакнуваат нејзиното извајано тело. За шминката и фризурата се погрижи Даниел Николовски, а покрај неа се појавуваат и моделите од Макс моделс, Ава и Љубица. Модерен, естетски моќен спот кој совршено го надополнува аудио светот што го создаде Ерик.