Преубава невеста во некласична венчаница: Водителката Александра Пановска Илиевска сподели магични моменти од својот свадбен ден

Добивај вести на Viber

Македонската јавност ја запозна како водителка на кулинарското шоу „Брза кујна“, а денес е омилена водителка од утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5 Телевизија. Александра Пановска Илиевска е веќе подолго време препознатливо телевизиско лице, а со тоа и нејзиниот приватен живот се наоѓа под светлината на јавноста.

Водителката неодамна сподели неколку фотографии од еден од најважните денови во нејзиниот живот – денот кога го кажала судбоносното „да“ пред матичар.

„Нашиот 2-ри јули“, напиша Александра во описот на фотографиите, споделувајќи ја радоста од овој посебен момент.

Александра била преубава невеста во некласична венчаница со интересен крој, која ја истакнала нејзината елеганција и стил. Дел од свадбената фотосесија е и фотографијата на која Александра и сопругот Александар позираат пред автомобилот Застава 750, попознат како „фиќо“. Овој автомобил, симбол на Југославија, со својата боја одговара на свадбениот бидермаер на невестата, додавајќи уште еден шармантен момент во нивната свадбена приказна.

Парот се венчаше во 2016 година, а како плод на нивната љубов, ја имаат ќеркичката Сара.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г