„Продолжи да сонуваш големи соништа и да блескаш како ѕвезда“: Ќерката на Гавазова прослави роденден

Добивај вести на Viber

Помалата ќерка на познатата фолк пејачка Сузана Гавазова, Селена, го прослави својот 10-ти роденден во друштво на своето семејство и најблиски пријатели. Роденденската прослава се случила во кафеана, каде присуствувале мама и тато, дада Емили и блиски роднини и пријатели.

Селена изгледаше прекрасно во бело фустанче, а најзабележителен момент беше кога ги дуваше роденденските свеќички на чоколадната торта, проследена со радосни аплаузи. Пејачката Сузана Гавазова сподели видео составено од повеќе фотографии и видеа од роденденската прослава, на кои е видно изразена среќата на нејзиното семејство.

Под објавата, Сузана ја изрази својата љубов и емоции со емотивни зборови, посветувајќи и пораката на својата ќерка:

„Денес славиме децениски роденден – цели 10 години откако го разубави светот со твоето доаѓање! Ти си извор на радост, насмевки и неисцрпна љубов. Со секој ден што минува, растеш во убава, паметна и добродушна девојка која го осветлува нашето секојдневие. Нека твојот јубилеен роденден ти донесе море од среќа, безброј прегратки и сите желби да ти се исполнат!“.

Продолжи да сонуваш големи соништа и да блескаш како ѕвезда – затоа што токму тоа и си. Те сакаме безмерно и секогаш ќе бидеме тука за тебе! Среќен 10-ти роденден!“

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г