Прв семеен одмор на Адам Лубунски и неговото семејство: Погледнете ја преслатката Хана на плажа

Во ноември минатата година, македонскиот учесник на популарното музичко шоу „Пинкови ѕвезди“, Адам Лубунски, и неговата сопруга Јелена, станаа родители на малата Хана. Ова лето, семејството го имаше својот прв заеднички одмор, а седуммесечната Хана има и своите први фотографии од ова незаборавно искуство.
Пејачот на Инстаграм сподели фотографии на која целото семејство е заедно на плажа.
„Со мама и тато на море“, напиша тој во објавата, откривајќи го овој момент на радост.
Семејството избра бела боја за својот комплетен заеднички изглед за на плажа, додека Хана изгледа преслатко со шеширче со цветен дезен.
Во интервју за Женски Магазин, Јелена откри какво бебе е Хана.
„Многу е мила. Сака да ја носат, да гледа наоколу и да слуша. Од самиот почеток одлично се согласувавме и веќе се навикнавме една на друга. Што се однесува до спиењето, Хана спие добро, се адаптиравме, па кога спие имаме време да се одмориме и да ги завршиме другите задачи“, изјави Јелена.
Повеќе за љубовната приказна на Адам и Јелена може да се прочита во нивното интервју.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г