Прво па машко: Кацаров покажа како беше на забавата за откривање пол на неговото дете

Добивај вести на Viber

Познатиот македонски ТВ и радио водител Миро Кацаров и неговата сопруга, поранешната одбојкарка Ивана Кацарова, со голема радост открија дека очекуваат син.

Веста за бременоста ја споделија пред неколку недели, а сега на забавата за откривање на полот, двојката официјално објави дека нивното прво дете ќе биде момче.

Реакцијата на идните родители беше емотивна и искрено радосна – очигледно е дека оваа нова животна улога им носи неизмерна среќа. 

На забавата, организирана во друштво на најблиските пријатели и семејството, Кацаров не ги криеше емоциите и гордоста што ќе стане татко.

Моментите од оваа специјална пригода Миро ги сподели и на социјалните мрежи, каде што неговите следбеници упатија бројни честитки и убави желби. За парот, кој отворено зборуваше за предизвиците на патот до родителството, ова е исполнување на еден голем сон.