Романтична објава на Андријана Јаневска: Прослави 15 години брачен живот во Барселона, а покажа и како изгледала како невеста (ФОТО)

Македонската поп ѕвезда Андријана Јаневска вчера го одбележа значајниот јубилеј — 15 години брачен живот со својот сопруг.
Прославата беше организирана во Барселона, каде што пејачката моментално престојува со семејството на летен одмор.
По повод годишнината, Јаневска сподели емотивна објава на социјалните мрежи, во која кусо напиша: „15 години и денес“, придружувајќи го текстот со фотографија од нивната свадба.
Објавата предизвика бројни позитивни реакции, а многумина не останаа рамнодушни пред фактот дека времето речиси не оставило трага врз нејзиниот изглед — Јаневска и денес изгледа младолико и свежо, како и пред 15 години.
По сите овие години, нивната љубов не само што трае, туку и расте, крунисана со раѓањето на нивните две деца. Пријателите и колегите искажаа бројни честитки и желби за уште многу заеднички години исполнети со љубов и среќа.
Очигледно е дека љубовта и семејниот живот ѝ годат на Андријана, која не само што блеска на сцената, туку и во приватниот живот.
М.С.К