Романтика на крајот од денот: Стефан од „Некст тајм“ и Тинеа фатени во интимен момент

Пејачот Стефан Филиповски од „Некст Тајм“ и неговата идна сопруга Тинеа од Белград уживаат во романтична прошетка под огненото небо на зајдисонце.
Иако не е познато точно каде се, атмосферата и палмите оддаваат впечаток на некое медитеранско или приморско место.
Додека ние бараме сенка и клима овие денови, Стефан реши да не нè поштеди и да сподели романтична сцена како од реклама за лето.
Се шетаат под палми, на зајдисонце, сценографијата перфектна – а Стефан, како вистински „баја“, ја прегрнал Тинеа и делува како да е на снимање за нов видео спот.
Ама ако внимателно погледнете, Тинеа гледа надолу – дали ѝ се откопчала сандалата, или можеби гледа каде да стапне за да не се сопне? таа си знае.
Спонтаноста, топлината и блискоста се гледаат во секој нивни чекор. Стефан, опуштен како секогаш, ја гушка својата избраничка додека таа со срамежлив поглед чекори покрај него. Љубовна слика како од филм.
Во секој случај – романтика на ниво, sunset vibes, и уште еден доказ дека љубовта не прашува дали е +35 степени. Чекаме свадба, албум или барем нова фотка со повеќе насмевки!
ФОТО: Инстаграм стори Стефан Филиповски