Актуелно // Insta вести
Сѐ започна со „Ете мајко решив да се женам“: Повод за славење во семејството на Бомбакис

Поминаа две години откако дечкото со картоните, заплови во брачните води. Со симпатичниот натпис „Ете мајко решив да се женам“, Бомбакис ја најави својата свадба. На 30-ти јуни, тој „рипна во тавче“ и тогаш за сопруга ја зема неговата тогашна девојка, Вики.
Бомбакис на социјалните мрежи емоцираше спомени, па објави свадбена фотографија со своите следбеници и напиша: „Пред две години на овој датум“.
Следната фотографија која ја сподели е направена на истиот датум, пред една година, со семејството во полн состав, заедно со нивната ќерка Бисера.
Семејството на Бомбакис продолжува да расте. Оваа година, инфлуенсерот сподели видео во кое откри дека повторно ќе стане татко, а малата Бисера ќе добие братче или сестриче.
РЖМ - Г.Д.Г