Сардинија сведок на љубовта: Македонската ракометарка Јована запросена на италијанскиот брег!

Добивај вести на Viber

Македонската ракометна репрезентативка Јована Кипријановска (23), една од најперспективните млади спортистки во земјава, го кажа судбоносното „да“. Радосната вест беше споделена преку официјалниот Инстаграм профил на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), каде беше објавена фотографија од романтичното запросување кое се случило на нивниот заеднички одмор на Сардинија.

„Честитки од срце од РФМ! Нашата ракометарка го кажа судбоносното 'Да'!“, стои во објавата.

Нејзиниот свршеник е кошаркарот Андреја Атанасов кој го носи дресот на ГКК Охрид.

Јована, која потекнува од Куманово, со ракомет започнала уште на 10-годишна возраст, откако се откажала од хип-хоп танцување. Нејзината спортска кариера бележи постојан напредок – беше дел од тимот кој триумфираше во француската ракометна лига, а од неодамна потпиша договор со унгарскиот клуб Сомбатељ.

На домашен терен, таа со срце и посветеност ги брани боите на Македонија во националниот тим, каде се истакнува како еден од клучните играчи од новата генерација.

Запросувањето е уште еден убав момент во нејзиниот живот, кој покрај професионалните успеси, сега е збогатен и со голема лична среќа.

Фото: РФМ - Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г