Семејната идила на Камиловски: Вака изгледаше роденденот на Јосиф

Добивај вести на Viber

Семејството Камиловски имаше голема причина за славење – Јосиф, првороденото дете на Ирина и Павле Камиловски, го прослави својот втор роденден во топла и радосна атмосфера.

Роденденската забава била вистинско мало бајковито катче: декорација инспирирана од авијација, со авиончиња, облачиња, а централно место заземала специјалната торта украсена со колички. Малиот Јосиф беше во центарот на вниманието, а на семејните фотографии се појави и најмладата членка на семејството – слатката Лена.

Ирина на социјалните мрежи сподели емотивен опис под фотографиите од семејната прослава:

„Ништо не е совршено како на првата слика… скролнете и ќе се уверите. Животот овие денови ни е малку хаос, малку врева, голем неред, но бескрајна љубов и магија. Ти благодарам Господе за овој благодет – семејство. Две години од раѓање на моето прво јагне, малото кротко детенце што ме направи МАМА. Те сакаме најмногу, Јосе наш!“

Ирина, која со јавноста често споделува искрени моменти од своето секојдневие, неодамна во интервју за Женски магазин зборуваше за своето мајчинство:

„Мајчинството е најблагородната работа што ми се случила во животот, но исто така и најодговорна. Секоја мајка се соочува со предизвици, особено тазе мајките... Кога се роди и второто дете, навистина не почувствував некаква голема промена – едноставно работите се добро познати и си подготвен за сè.“

Семејството Камиловски со љубов и топлина го одбележа овој значаен ден, создавајќи спомени кои сигурно ќе се раскажуваат. А Јосиф, со својата детска насмевка, беше вистинскиот јунак на денот.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г