Што се „крчка“ помеѓу Тијана Дапчевиќ и Роберт Билбилов: Една фотографија ги најави плановите?!

Познатата пејачка Дијана Дапчевиќ повторно го привлече вниманието на јавноста со нова објава на својот Инстаграм профил.
Таа сподели стори на кое се гледа како седи на совозачкото седиште во автомобил, додека зад воланот е македонскиот музички продуцент и музичар Роберт Билбилов. Веднаш по објавата, фановите започнаа да шпекулираат дека станува збор за најава на нова музичка соработка.
Дополнителен повод за ваквите претпоставки беше изборот на песната која ја придружува видеото – „Довидување, таго“, емотивна изведба на нејзината сестра, Тамара Тодевска.
Сториото, со внимателно избрана музика и присуството на еден од најбараните македонски продуценти, делува како намерна најава на нешто ново и возбудливо.
Иако Дапчевиќ и Билбилов сè уште официјално не открија детали за евентуален заеднички проект, атмосферата од видеото укажува на блиска соработка и добра креативна динамика.