„Скопјанка сум, нормално дека го исркав езерото“: Нова доза хумор од Охрид од најпознатата Кенијка во Македонија (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Најпознатата Кенијка во Македонија, Ема Вендера, која го освои македонскиот народ со своите хумористични видеа инспирирани од секојдневието и менталитетот, повторно го привлече вниманието на јавноста. Овој пат, таа се пошегува на сметка на Охрид и охриѓани, со типичниот хумор и ведрина што ја прават омилена на социјалните мрежи.

Во најновото видео, Ема стои покрај Охридското Езеро со лажица во рака, а во описот со смеа вели: „Го исркав езерото, од Скопје сум“. Со тоа, таа саркастично се надоврзува на добро познатите шеги за Скопјани и нивниот однос со Охрид и езерото.

View this post on Instagram

A post shared by Emm Wandera (@emmwandera)

Позната по своите пародии на типични балкански ликови како свекрви, таксисти или комшии, Ема преку својот уникатен пристап нуди свежа перспектива на секојдневните ситуации. Иако потекнува од сосема поинакво културно опкружување, нејзиниот неколкугодишен живот во Македонија и улогата на „македонска снаа“ ѝ овозможија да го разбере и со љубов да го прикаже македонскиот менталитет.

Весела, духовита и секогаш полна со енергија, Ема често знае и да запее македонски народни и забавни песни, со што дополнително ги освојува срцата на своите следбеници. 

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г

Забрането е преземање на содржини од „Женски магазин“