Актуелно // Insta вести
Со торта и тишина, Давид Темелков му посака добредојде на новото животно поглавје

Македонскиот пејач Давид Темелков наполни 33 години и роденденот го одбележа на интимен и емотивен начин, споделувајќи искрена порака со своите следбеници.
Во опуштена атмосфера, со парче роденденска торта пред себе, Темелковски се огласи на својот Facebook профил со зборови што одзвучеа искрено и топло.
„Драги 33, добро ми дојдовте! Ве молам бидете ми полни со здравје и љубов. Бидете полни со инспирација и емоции... Ви се радувам!“ – напиша пејачот, изразувајќи благодарност и надеж за годините што следуваат.
Темелковски, кој на македонската музичка сцена се истакна со песната „Мојата Македонија“, ја освои јавноста со својот топол вокал, силна емоција и искрена љубов кон татковината. Неговата патриотска химна, која ги допре срцата на многу Македонци, ја зацврсти неговата позиција како еден од најавтентичните гласови на новата генерација.