Сопругата на министерот за спорт прослави роденден: Нина свеќичките ги дувна заедно со Душан и Анастасија

Добивај вести на Viber

Сопругата на актуелниот министер за спорт и поранешен македонски ракометар, Борко Ристовски, Нина Ристовска, го прослави својот 33-ти роденден во семејна атмосфера, опкружена со најмилите.

Роденденската прослава се одржала во интимен семеен амбиент, каде што Нина, заедно со своите деца – синот Душан и ќерката Анастасија – ги дувна роденденските свеќички на тортата.

„Роденден ми е... повторно, 33. Ве сакам“, напиша Нина во описот на фотографиите кои ги сподели на социјалните мрежи.

Емотивни зборови за сопругата напиша и Ристовски: „Нека овој ден биде почеток на остварувањето на сите твои желби. Јас секогаш ќе бидам тука за тебе. Најсреќен роденден Нинче мое“.

Меѓу роденденските изненадувања се издвојува и впечатлив букет со цвеќиња во бела и виолетова боја, кој таа го покажа на фотографиите, како уште еден знак на љубов и внимание од нејзините најблиски.