Срцето полно: Пере Нокаут горд татко за успехот на неговата ќерка - „Не ја учев да биде тивка“

Добивај вести на Viber

Миа, најголемата ќерка на музичарот и фронтмен на групата Нокаут, Никола Перевски – Пере, официјално дипломираше. Убавата вест Пере ја сподели со своите следбеници на социјалните мрежи, изразувајќи гордост и емоција за успехот на својата ќерка.

Како горд татко, Пере напиша емотивна објава во која не само што и честита на својата ќерка, туку и ги сподели некои од најубавите моменти од нивниот заеднички живот. Во објавата, тој се потсети на нејзината љубов кон музиката, која не започнала од деновите кога била многу мала, ја гледал како слуша музика со слушалки.

„Не ја учев да биде тивка. Ја гледав со слушалки на глава и со срце што пулсираше во ритам. Не од ова време, не од овој шум“, напиша Пере.

Во продолжение, Пере ја откри дека Миа дипломирала како аудио инженер на University of Audiovisual Arts – ESRA.  

„Скопје, Париз и Њујорк. Од соништа до диплома“, со гордост напиша Пере.

„Таа не го слуша светот, таа го снима. Моја ќерка, мојот најдобар звук“, додаде Пере.

Нејзината мајка, новинараката Александра исто така сподели фотографија со Миа, а која не крие дека е горда за успехот на ќерката.

Оваа објава ја потврдува длабоката поврзаност на таткото и неговата ќерка, која не само што е негов придружен вокал на настапите, туку и значајна личност во музичкиот свет, која ја гради својата професионална кариера.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г