Српска блогерка воодушевена од Охрид: Еве зошто треба да го посетите Свети Наум (ВИДЕО)

Српската блогерка Виолета Јошиќ, позната по нејзиниот Инстаграм-профил „Pasaportedevilu“, објави серија видеа посветени на македонскиот туристички бисер – Охрид. Низ креативни и куси видео-записи, Јошиќ го претстави Охрид како дестинација која остава длабок впечаток кај секој посетител.
Охрид беше нејзиниот најнов блогерски предизвик, а објавите на нејзиниот профил откриваат како една странска туристка ги доживува нашите знаменитости, природни убавини и културно наследство. Преку визуелно впечатливи содржини, Виолета ги опиша местата што најмногу ја воодушевиле, притоа пренесувајќи искрена емоција и восхит.
Особено внимание привлече видеото посветено на манастирот Свети Наум, во кое Јошиќ сподели 5 причини зошто ова место треба да се посети. Низ интересен и едноставен стил, таа зборува за духовноста, природата, историјата и уникатната енергија што ја носи овој дел од Охридскиот Регион.
Зошто мора да дојдете во Свети Наум?!
*Затоа што на ово место можете да го слушнете неговото срце, да се измиете со лековитата вода за која се верува дека е многу здрава за кожата.
*Затоа што овде природата е нереална и колку и да има луѓе, секогаш е мирно.
*Затоа што овде се наоѓа најубавиот ресторан на реката Дрим, по кој дури може да пловите додека јадете.
*Затоа што може да се капете во езеро и во реката на место каде што тие се спојуваат.
*Затоа што до ова место постои секојдневни тури со брод, но може да дојдете и со автомобил
Приказните што ги раскажува Виолета не се само туристички водич, туку и искуствена перспектива што ја приближува македонската убавина до странските љубители на патувања. Со вакви објави, Охрид добива уште поголема видливост на социјалните мрежи, особено меѓу публиката во регионот.
Фото: Принтскрин/ ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г