Актуелно // Insta вести
Српската водителка Јована Јеремиќ му е најдобра другарка на поранешниот маж: На заеднички ручек со ќеркичката

Српската водителка и новинарка Јована Јеремиќ повторно покажа дека хармонијата е можна и по разводот.
Таа објави фотографија со својата ќерка Леа и поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ, испраќајќи силна порака за зрелост и родителска одговорност.
„Традиционално, иако се мама и тата разведени, функционираат како семејство, затоа што здрав развод е секогаш подобар од лош брак“, напиша Јована во описот на објавата.
На втората фотографија, таа додаде:
„Умирам од смеење на машки приказни и еден ден, кога ќе дојде времето за моето ‘адио’ од овој свет, нема да можам да умрам колку што знам... Како чувар на сите машки тајни…“
Јеремиќ, позната по својата искреност, повторно покажа дека емотивната зрелост и почитта меѓу поранешни партнери се можни кога на прво место се стави благосостојбата на детето.
Јована и Воислав се пример за поранешен пар кој успеал да ја задржи ладната глава и да го стави интересот на детето пред личните разлики, избирајќи мир наместо војна.