Станува рано наутро, не е „кафеџика“, но е супер домаќинка: Една поинаква страна на поп – дивата Каролина Гочева

Добивај вести на Viber

Македонската поп-дива Каролина Гочева во неодамнешно телевизиско гостување откри неколку интересни и помалку познати детали од својот приватен живот.

Во емисијата „Фитбек со Елена“ на телевизија Телма, Каролина проговори за своите утрински навики, откривајќи дека е „утрински човек“ и дека денот ѝ започнува уште пред 7 часот наутро. Иако не е љубител на кафе, признава дека тоа е единственото нешто што ѝ се пие толку рано. „Пијам најобично нес кафе, со вода и малку млеко“, изјави пејачката, додавајќи дека порано пиела и турско кафе, особено кога со пријателките си гледале на кафе.

Една од нејзините најголеми страсти, како што откри, е готвењето – навика што ѝ останала од периодот на ковид карантинот. „Готвам многу. Тоа ми стана дел од секојдневието откако бевме затворени дома. Секојдневно се готви ручек, а речиси веќе не нарачувам храна, што порано ми беше честа пракса“, изјави Гочева.

Каролина со својата искреност и непосредност повторно ги освои симпатиите на гледачите, покажувајќи уште еднаш дека зад славата стои едноставна и приземјена личност.