Актуелно // Insta вести
Стојне Николова без шминка на плажа: Погледнете ја природната убавина на пејачката
- 25 Јуни, 2025 11:43

Со официјалното пристигнување на летото, фотографиите од плажата стануваат неизбежни, а познатите личности не се исклучок.
Една од нив е фолк-пејачката Стојне Николова, која најде време помеѓу своите бројни настапи да се опушти на плажа и да ужива во топлото летно сонце.
Пејачката објави фотографија на социјалните мрежи, на која се гледа како се одмара под сламен чадор, облечена во дводелен костим за капење во песок тренди боја. Пејачката е без грам шминка, а на нејзиното лице се гледа нејзината природност.
РЖМ - Г.Д.Г