Актуелно // Insta вести
Тетка - жена ретка: Внуката на Шехтанска е вистинска убавица и наликува на неа

Македонската актерка, водителка и балерина Катерина Шехтанска ги освои симпатиите на јавноста со нежна и семејна објава.
Таа на својот профил на социјалните мрежи сподели фотографија со својата внука, која оваа година прославува полуматура.
На фотографијата, Шехтанска блеска со својот препознатлив шарм и елеганција, но токму нејзината внука е таа што ги освои симпатиите на следбениците. Облечена во свечена тоалета, младата убавица зрачи со самодоверба и природна убавина, која многумина ја споредија со нејзината тетка.
„Среќна полуматура, тете", напиша Шехтанска во описот на фотографијата.
Следбениците не пропуштија да забележат колку двете наликуваат една на друга, и како убавината и харизмата очигледно се наследуваат во оваа фамилија.