Актуелно // Insta вести
„Ти ми го правиш светот посветол“: Таско емотивен за љубовта на неговиот живот
- 12 Јуни, 2025 11:12

Музичарот
Таско со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на својата сопруга Наташа,
со која е во брак веќе две години. Плод на нивната љубов се нивните две деца –
синот Лукијан и ќерката Кирјана.
На социјалните мрежи, Таско сподели заедничка фотографија со Наташа, придружена со емотивни љубовни зборови во кои е благодарен што му е животен сопатник и мајка на нивните деца.
„Ти ми го правиш светот посветол само со тоа што си во него. Среќен роденден, љубов“, напиша Таско, изразувајќи ја својата длабока љубов и благодарност.
Фото: Инстаграм