Три генерации, едно море и многу љубов: Летото на Нина Ангеловска

Најубавите моменти не се секогаш гламурозни. Понекогаш се креираат во сенка од чадор, со боси нозе на топол песок, детска смеа и мирисот на морето. Токму такви слики ни доаѓаат од летниот одмор на поранешната министерка за финансии и успешна претприемачка Нина Ангеловска, која ова лето го посвети на семејството – и на улогата што, според неа, е најважна од сите: мајка.
Нина заедно со нејзината мајка Јулијана и малото синче, го поминуваат летото на плажа – со играчки во песокот, заштитни шеширчиња и најважното: радост. Во кратките но исклучително емотивни моменти споделени на социјалните мрежи, таа ни покажува што значи вистинска животна рамнотежа – кога кариерата, љубовта и семејството не се спротивности, туку делови од иста приказна.
„First birthday as Baba“, напиша Нина во чест на роденденот на својата мајка – симболично означувајќи и нејзината нова улога како баба, и семејната блискост која се чувствува на секоја фотографија.
Од фотографијата каде малиот јунак со шармантна капа ужива гледајќи ги брановите, до кадрите со песочни играчки, првите чекори во море и заедничките прегратки – ова е лето на малите, но највредни нешта.
Нина и нејзиното семејство не само што ни покажуваат колку е важно времето со најблиските, туку и дека успешната жена не мора да избира помеѓу кариера и мајчинство – таа може да го има и двете, со љубов и посветеност.
ФОТО: Инстаграм стори официјален профил Нина Ангеловска