Вака изгледа одмор по мерка на една дива: Калиопи знае како

По успешна и
динамична година исполнета со концерти, гостувања и промоции, македонската
музичка дива Калиопи замина на заслужен одмор.
Пејачката на својот профил на социјалните мрежи сподели фотографии од летна
дестинација, каде што ужива под сламен чадор, облечена во дводелен костим за
капење со црно-бели риги.
На една од фотографиите, Калиопи напиша: „За само еден ден, за само еден час...“, стих од една од нејзините песни, со што уште еднаш ги потсети обожавателите на својот препознатлив уметнички израз.
Изминатата година за Калиопи беше исклучително продуктивна. Одржа големи концерти во Скопје и Загреб, настапуваше низ регионот и активно го промовираше својот најнов албум, симболично насловен „Албум“.
Одморот доаѓа како идеален момент за релаксација и полнење енергија пред летната сезона, за која веќе се најавуваат нови работни обврски и настапи.
Фото: ИнстаграмРЖМ