Актуелно // Insta вести
„За мене е многу повеќе од песна и што и да напишам малку е“: Теа Трајковска емотивна за Андреј од ДНК

Поп-пејачката Теа Трајковска сподели емотивно видео во спомен на прерано починатиот Андреј Ѓорѓиевски, член на македонската музичка група ДНК.
Поводот е една година од објавувањето на нивниот заеднички дует „Амајлија“, кој досега брои над 886.000 прегледи на Јутјуб. Песната доби голема поддршка од публиката и остана силен симбол на нивната музичка соработка.
„1 година од „Амајлија“. За мене е многу повеќе од песна и што и да напишам – малку е. Ви благодарам од срце што ја слушате и што живее и свети силно заедно со споменот на Андреј“, напиша Теа на своите социјални мрежи.
Објавата
предизвика бројни реакции од фанови и колеги, кои со почит се потсетија на
талентот и делото на Ѓорѓиевски.
РЖМ