„Жив и здрав, не барам од овој живот ништо повеќе“: Миа Костова горда на синот - Андрија слави роденден во омилениот камп

Инфлуенсерката Миа Костова со емотивна објава го честиташе роденденот на својот син Андрија. Со фотографии од неговото детство и компарација со неговиот изглед денес, кога веќе чекори во тинејџерските години, Миа ја изрази својата безусловна љубов кон него.
„Среќен роденден ѕвездо моја најсјајна! Те сака мама бескрајно. Жив и здрав, не барам од овој живот ништо повеќе“, напиша Миа во првата објава, додавајќи емотивна порака за својот син.
Андрија, кој сега наполни 13 години, ги ужива своите тинејџерски денови, а Миа не крие колку е горда на него. Како и минатата година, Андрија роденденот ќе го прослави во Грција, каде моментално престојува со Миа и Тијана. Кампот „Esperides“, во моментов е нивното место за одмор, а Миа често знае да каже дека е „дете од камп“.
Фото: ИнстаграмРЖМ