Актуелно // Insta вести
Зуица Лазова е горда мајка: Овој успех на нејзината ќерка го истакна на неверојатен начин

Македонската фолк пејачка Зуица Лазова уште еднаш покажа колку е горда мајка — овој пат преку Инстаграм стори на кое се гледа настап на нејзината ќерка.
Со видео од музичкиот настап, Зуица ги воодушеви своите следбеници и испрати силна порака за поддршка на младите таленти, особено кога тие се дел од семејството.
Ќерката на Зуица Лазова и Наум Петрески полека, но сигурно го трасира својот пат на македонската музичка сцена, веќе добивајќи признание за својот уникатен и впечатлив вокал. И таа, како и нејзиниот брат, ги следи чекорите на родителите, кои оставија длабока трага во народната музика.
Инстаграм
Ова не е првпат семејството Петрески да го привлече вниманието на јавноста. Пред неколку недели открија дека работат на заедничка песна, што уште повеќе ги зголеми очекувањата кај следбениците.
М.С.К