Дваесет минути до живот или смрт по само еден убод: Ледената Бетика за драматичното искуство по каснување од овој инсект

Бетика, позната Македонка со потекло од Ресен, која јавноста ја препознава по нејзините екстремни капења во ладни води, на социјалните мрежи го сподели нејзиното драматично искуство со стршлен – момент што можел да има фатални последици.
Во објава на Инстаграм, таа сподели фотографија од стршленот, со зборовите:
„Стршлен – мало суштество, но доволно моќно да ти го земе здивот... и животот.“Бетика раскажа дека додека босонога се движела низ природа, ненамерно згазнала на стршлен. За само пет минути по убодот почнала да губи здив, несвесна дека има силна алергиска реакција на отровот на инсектот.
„Никогаш не мислиш дека последниот здив ќе ти дојде толку спонтано... Имав само 20 минути да преживеам. Никој не те предупредува. Само болка... и тишина. А јас... таму... сама во планината... верував дека ќе помине. Но само се влошуваше.“
Таа опиша како во моментите на паника и слабост, сепак собрала сила, запалила автомобил и се упатила сама кон најблискиот лекар.
„Пополека сфаќам дека едно каснување може да ме избрише од овој свет. Имав уште 20 минути за спас, а лавовско срце што не се откажува, ја запалив колата и реков: 'Ајде душо мила, издржи'.“
Со навремена медицинска интервенција и соодветна терапија, Бетика успеала да се избори со алергиската реакција и да се спаси.
Ова е и еден апел до сите оние кои во летниот период се движат во природа да бидат претпазливи. Искуството на Бетика само нека ви биде мотив доколку се најдете во слична ситуација, како стравот и паниката треба да се претворат во силна желба за живот и спас од ситуацијата.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г