Актуелно // Insta вести
Како да се близнаци: Анета Љумаковска покажа кој ѝ е омилен член од семејството
- 06 Јули, 2025 22:58
Популарната пејачка Анета Љумаковска често споделува моменти од приватниот живот на социјалните мрежи, но посебно внимание привлекоа фотографиите со нејзиниот брат Борче.

Меѓу бројните објави од семејните собири, патувања и секојдневие, токму сликите со Борче зрачат со блискост, нежност и меѓусебна поддршка.
Многумина не можат да не забележат – братот и сестрата неверојатно личат. И двајцата имаат препознатливи црти на лицето, насмевки што веднаш освојуваат и топлина која зрачи од секоја нивна заедничка фотографија.

За Анета, очигледно е дека токму Борче е еден од најважните луѓе во нејзиниот живот, а нивната поврзаност инспирира и радува бројни обожаватели.