Колумбискиот фан на македонската музика направи шоу на свадба: Јанко ги крена гостите на нозе (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Популарниот Колумбиец повторно го покажа своето срце за македонската музика...

Јанко, харизматичниот Колумбиец кој го освои регионот со својата љубов кон македонската фолк музика, повторно ја воодушеви јавноста – овој пат со настап на македонска свадба. Тој сподели видео на социјалните мрежи како заедно со својата група „ВардарАнди“ пее во живо пред македонска публика.

Иако главната музичка поддршка на свадбата бил фолк-пејачот Влатко Миладиновски со неговиот бенд, гостите биле пријатно изненадени кога на сцената ненадејно се појавил Јанко. Тој е добар пријател на Миладиновски и не ја пропушта можноста да му оддаде почит секогаш кога ќе му се укаже прилика.


Јанко неколкупати јавно изјавил дека Влатко Миладиновски е негов омилен пејач од Македонија, а неговите хитови ги изведува со особена гордост и емоција. Само пред неколку недели, Јанко беше и специјален гостин на еден од концертите на Миладиновски, заедно со Спасен Силјановски и Дамјан Стојановски.

Неговата посветеност кон македонската култура и традиција продолжува да инспирира и обединува, покажувајќи дека музиката навистина не познава граници.

Фото: Фејсбук/ Видео/ Принтскрин
РЖМ - Г.Д.Г