Лара Иванова во прегратки на момчето: Пејачката на одмoр на островот на љубовта

Добивај вести на Viber

Кипар, познат како островот на Афродита и вечната сончева светлина, и оваа година останува едно од најпосетените туристички дестинации во Медитеранот. Меѓу бројните туристи што одбраа токму таму да го поминат летниот одмор е и младата пејачка Лара Иванова, која заедно со своето момче ужива во убавините на овој остров.

Како што дознаваме, изборот не е случаен. Низата околности ги однела токму таму – момчето на Лара веќе подолго време престојува и работи во тату-студио на Кипар, па таа го искористи моментот да го посети, спојувајќи го пријатното со корисното.

Кипар, трет по големина остров во Медитеранот, е светски познат како „островот на љубовта“, поради легендата дека токму таму – во близина на Пафос – од морската пена се родила древната божица Афродита. Овој митолошки наратив секоја година привлекува илјадници вљубени парови и љубители на историја, кои доаѓаат да ја почувствуваат магијата на древната романтика.

И Лара и нејзиниот партнер не се исклучок – тие уживаат во сончевото време, тиркизното море и волшебната атмосфера што ја нуди оваа медитеранска дестинација, симболично позната како рај за вљубени.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г