Љубов на клацкалка: „Од срце посакани, од животот подарени“ – Софија за ќерките

Софија е активна на социјалните мрежи, неодамна објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како ја држи малата Зои во прегратка додека седи на една страна од клацкалка, додека на другата страна е нејзината постара ќерка, темпераментната Гаиа. Впечатливиот момент го овековечил таткото Јаков, кој стоел зад телефонот.
Под фотографијата, Софија сподели емотивна порака посветена на нејзините ќерки, исполнета со благодарност, љубов и животна филозофија.
„Двете девојчиња што ми ги посака срцето, а ми ги подари животот. Моите најдобри другарки. Моите потсетници...“, напиша таа, потсетувајќи колку важни се малите нешта во животот и колку децата можат да нè научат на чиста љубов, искреност и едноставна радост.
Во својата
објава, таа го спомна и симболичното значење на клацкалката, истакнувајќи:
„Таа не е само играчка. Таа е лекција дека горе и долу е дел од играта – важно
е со кого си качен.“
Семејството Спасови, со Гаиа и сега со малата Зои, продолжува да пишува нови, радосни страници од својата животна приказна, а нивните објави се сè почеста инспирација за многумина.
Фото: ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г
Јаков и Софија родители за втор пат: Дедо Дац побогат за уште една внука- Еве какво име ѝ дадоа