Македонска дива во стил на „Baywatch“: Таа е нашиот симбол за сексапил

Добивај вести на Viber

Памела Андерсон и Кармен Електра беа симболи на сексапилот во деведесеттите години, особено преку нивните улоги во култната серија Baywatch. Денес, нивната споредба како појава добива македонска паралела – пејачката Тамара Тодевска.

Со своите последни објави на социјалните мрежи, Тамара ја освои јавноста со изглед што потсетува на легендарните спасувачки од малите екрани. Облечена во самодоверба, таа гордо го истакнува она што природата ѝ го дарувала, притоа добивајќи бројни комплименти за својот изглед.

Тодевска е позната како жена со став, харизма и глас, но и како јавна личност која знае да ги привлече погледите. Нејзиното деколте често било тема на коментари, но тоа е само еден дел од нејзиниот целосен изглед што зрачи со самодоверба и женственост.

Покрај физичкиот изглед, убавината на Тамара доаѓа и од нејзината внатрешна исполнетост. Таа е среќно заљубена во својот партнер Лука, а токму таа емоционална стабилност и среќа се рефлектираат на нејзиното лице, кое речиси постојано го краси широка насмевка.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г