Плажата е блиску, сѐ се дели, децата се слободни, тоа е како „мини заедница“: Мајка од Скопје сподели зошто одбрала да летува во камп со три деца

Добивај вести на Viber

Каде на одмор?

Најчестото прашање во овој период од годината. Одлуките се различни, некој сака море, езеро и плажа, а некој едноставно ја сака планината како место за одмор и релаксација.

Одлуката се носи според лични желби и убедувања што сака и каде најмногу ќе ужива.

Кампувањето е исто така опција која може да се примени и на море и плажа и на планина.

Tамара Јовановска (33) од Скопје е мајка на три деца и сопруга, која води здрав начин на живот, и која го сака животот во град и на село. Таа е сертифицирана инструкторка за Kangoo Jumps Power и Kangoo Jumps Boot Camp програмите. 

Во една прилика во интервју за Женски магазин зборуваше токму за оваа нејзина професионална определба.

Но овој пат ќе го пренесеме нејзиното искуство како кампер со три деца и што е тоа што толку ја привлекува кампувањњето во природа.

Камп од дете ми е уживање и посебно искуство, па затоа среќна сум за секоја прилика за кампување“, пишува Тамара.

Во продолжение ви пренесуваме зошто кампувањето е добра опција за одмро со деца:
Одвоив неколку од многуте работи кои ги сакам кај кампот.

1. Тоа што сите сме на куп и се дели сѐ ми дава мир на душата. За мене нема поубаво од куп деца, разиграни, растрчани, слободни. Доручкуваат во еден, ужинаат во друг, ручаат во трет камп, важно им е да се заедно. Како една мини заедница или баш она “селото за растење деца” што на сите ни е потребно. Ова ме враќа назад во времето кога низ населба кај баба ми и дедо ми игравме слободно и секоја куќа беше отворена за секое дете.

2. Плажата беше голема и блиску, што за нас со 3 деца беше нешто клучно да не мораме секој ден да се товариме, растовараме и патуваме до плажа.
Децата одеа со точаци и лесно менуваа локација плажа-камп, бидејќи сѐ е тука.

3. Друштвото и забавата се загарантирани кога се децата слободни.
Прав летен распуст и право детство ако ме прашате мене. Се учат, чуваат, растат заедно.

4. Точаците ги возеа деноноќно, зошто е безбедно од автомобили. Возеа по потреба, за забава, прошетка, “за на мисија”…. Возеа додека ги држат нозе.
Кампот е нешто како подготовки за триатлон, без да осетат.

Еве во кратки црти нешто што издвоив, а последната слика е од растрчано стапалце во песок, дополнително да стопли душа.

Дали одите на кампување?

Инспиративно за секој еден родител да подразмисли дали оваа година можеби ќе одбере кампување, како предизвик кој може да прерасне во традиционално камперско летување.

View this post on Instagram

A post shared by Tamara ⭐ (@tamara_j_)

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г