Полнолетство со стил: Синот на Јохан и Соња Тарчуловски го прослави 18-тиот роденден

Добивај вести на Viber

Семејството Тарчуловски имаше голема причина за славење! Младен, синот на Јохан и Соња Тарчуловски, официјално зачекори во светот на возрасните со прослава по повод неговиот 18-ти роденден. На фотографиите кои беа објавени на социјалните мрежи, се гледа атмосфера полна со радост, љубов и гордост.

На првата фотографија, Мелани, сестрата свечено му подава ракометарска торта на Младен, со оригинален дизајн во форма на топка, со натпис „Добредојде во светот на возрасните“. Насмевките и искрените емоции сведочат за блискоста и љубовта во семејството.


На втората фотографија, гордата мајка Соња и нејзиниот син позираат заедно, споделувајќи еден од оние моменти што се паметат цел живот. Елегантната атмосфера, топлата семејна хемија и љубовта што зрачи од секоја фотографија ја прават оваа прослава навистина посебна.


Полнолетството е значаен чекор во животот на секој млад човек, а кога зад тебе стои поддршка и семејна љубов како оваа – патот напред е секогаш осветлен. Честитки за Младен!


ФОТО: Инстаграм