Шест срца, една душа: Семејството Папаз слави живот полн со љубов

Семејството Папаз има многу причини за славење – Горан и Наташа неодамна одбележаа три години брак, а нивниот живот од крајот на 2024 година стана уште побогат со доаѓањето на тројката Лена, Луна и Лазар. Со батко Дамиан, ова петчлено семејство зрачи со љубов, радост и хармонија.
ТатоГоран не ја крие гордоста кон својата сопруга и честопати на социјалните мрежи ѝ упатува топли зборови на благодарност. По повод годишнината, тој сподели емотивна објава:
„Среќна годишнина, совршенство мое. Ти си многу повеќе од тоа што сум го посакувал во животот, и не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе од вчера, секој ден. Ти благодарам што постоиш, што ме правиш најсреќен, најсмирен и најисполнет. Те сакаме сите петмина бескрајно!“
Љубовта беше возвратена и од Наташа, која со нежни зборови го честиташе заедничкиот живот:
„Три години од официјалното 'ДА' за да бидеме најдобриот тим и да бидеме вака прекрасно семејство. Оваа година сме двојно повеќе членови. Те сакам, Горан Папаз, засекогаш“, напиша таа.
Семејството Папаз е пример за тоа како љубовта, почитта и заедништвото се темелите на едно силно и среќно семејство.
Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г