Таа е негова тивка сила и безусловна поддршка: „Зад секој голем син стои мајка што верувала и кога никој друг не верувал“

Додека јавноста го слави талентот, харизмата и гласот на Никола Станишиќ – победникот на оваа сезона во „Ѕвездите на Гранд“, една жена стои гордо зад него, тивко, со насмевка и топлина што зборува повеќе од илјада зборови.
Тоа е неговата мајка Анета Станишиќ – столбот на неговата инспирација и поддршка, но и жена која со својата скромност и женственост остана надвор од медиумскиот фокус.
Фотографиите што Никола често ги споделува со својата мајка зборуваат доволно – за блискоста, почитта, љубовта и неизмерната поврзаност меѓу нив. Таа не беше на сцената, но беше во публиката на животот – неговиот најголем навивач, неговата сигурност, неговата најголема гордост.
Токму вакви мајки се темелот на секој успех. Жени кои тивко градат ѕвезди, не од амбиција, туку од љубов. Жени кои знаат кога да се повлечат и кога да поддржат. Иако не се под светлината на рефлекторите – тие се светлината зад сцената.
Никола може да има златен глас, но срцето му пулсира во ритамот на љубовта што ја научил од дома.
ФОТО: Фејсбук
И.С.