Тара победи! Ќерката на Христина Пан по две години борба заѕвони на ѕвончето на надежта на онкологија

Македонската инфлуенсерка Христина Пан сподели радосна и емотивна вест – нејзината ќерка Тара по две години тешка борба со тешка болест, конечно излезе како победник. Таа денес самостојно заѕвони на ѕвончето на Детската клиника во Скопје, на одделението за онкологија – симболичен чин кој го означува крајот на лекувањето и почеток на ново, здраво поглавје.
„Мојата хероина, мојата гордост најголема, мојата најголема животна лекција... После цели две години борба по болници еве ја тука и таа... Нека ѕвони најсилно ѕвончето денес!“, напиша Христина на социјалните мрежи, споделувајќи видео од тој трогателен момент.
Тара беше едно од децата чија здравствена состојба ја следеа и медиумите, а Христина постојано и транспарентно ја информираше јавноста за текот на лекувањето. Во својата објава, таа изрази огромна благодарност до медицинскиот тим, семејството, пријателите и сите следбеници кои им даваа поддршка во текот на долгата и неизвесна борба.
„Господе фала ти! Сите деца од тука да излезат вака и дај Боже ниту едно дете да не треба да влезе на овие врати!“, напиша таа, додавајќи дека благодарноста кон сите кои им биле поддршка е неизмерна.
Тара има близначка сестра Хана, а семејството неодамна се збогати и со уште едно девојче – најмалата Калија. Денешниот ден е симбол на победа, надеж и семејна сила која инспирира многумина.
Фото: Принтскрин/ ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г
Прочитај повеќе:
Христина Пан – мајка на три деца, хероина во хаосот наречен секојдневие