„Те сака тато“: Градоначалникот на Гази Баба со емотивни зборови - јавно му се обрати на својот син

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на емотивен начин му го честита 8-миот роденден на својот син Матео. 

На социјалните мрежи објави фотографија со своето семејство и напиша:

„Денес нашиот Матео слави 8-ми роденден. Да ни бидеш здрав, жив, среќен и весел! Те сакаат тато, мама и бато.“

Стефковски важи за еден од ретките јавни функционери кој отворено ја споделува својата семејна хармонија, пренесувајќи порака за љубов, почит и семејни вредности.


Со своите објави често потсетува дека семејството е основата на секоја стабилна заедница и пример за посветен родител и татко.