Три свеќички, две принцези и една мајка полна со љубов: Христина Пан го прослави роденденот на близначките Тара и Хана

Христина Пан, позната инфлуенсерка и мајка на близначките Тара и Хана, вчера прослави три години од најубавиот, најтежок и најемотивен период во нејзиниот живот – мајчинството.
Со скромна, но многу шарена роденденска прослава во градинка, близначките го дувнаа свеќичките на вкусни чоколадни мафини.
Насмеани лица, панделки, балони, шарени ѕидови и едноставна, но топла атмосфера обележаа ден исполнет со детска радост и љубов.
Тара и Хана облечени во исти фустанчиња, со љубопитни погледи кон свеќичките, додека Христина со насмевка од уво до уво ги гушка – сцена што совршено ја доловува љубовта и силната поврзаност меѓу мајка и ќерки.
„Три најубави, најтешки, најпредизвикувачки години, ама полни со љубов најголема!“ – напиша таа, топејќи многу срца на социјалните мрежи.
фото: Инстаграм