Ваква уште не сме ја виделе: Александра Јанева блеска со нов летен изглед!

Летото 2025 дефинитивно го враќа фокусот на русата коса како доминантен тренд во фризерските салони и меѓу јавните личности. Меките кремасти тонови, топлите златни нијанси и суптилните пастелни варијации се во подем, заменувајќи ја некогашната доминација на студените, платинести руси.
Стилските
насоки годинава се насочени кон природни и лесно одржливи нијанси, инспирирани
од светлината на зајдисонцето, бојата на пчелиниот мед и нежноста на крем
десертите. Експертите истакнуваат дека фокусот е ставен на топлите тонови што
изгледаат природно и не бараат чести корекции.
Познатите веќе го прифатија трендот
Меѓу првите домашни јавни личности што го прифатија новиот изглед е пејачката Александра Јанева. Таа неодамна ја замени својата карактеристична кафена коса со тренди руса нијанса, следејќи ги водечките трендови на сезоната. Покрај бојата, Јанева направи и значителна промена во должината – нејзината долга коса сега е заменета со модерен долг боб, фризура што овозможува елегантен, но лесен изглед, идеален за летото.
На неодамнешни фотографии објавени на социјалните мрежи, пејачката позира задоволна со трансформацијата. Новата руса боја совршено се вклопува со бронзениот тен кој Јанева ќе го стекне во текот на летниот период.
РЖМ - Г.Д.Г