Видео кое ќе ве насмее: Марко одлучи - Време е Веда и Вања да научат што е метла и крпа!

Добивај вести на Viber

Водителот Марко, познат по својата духовитост и прекарот „Дај побрзај“, одлучи на креативен начин да ја искористи народната мудрост „човек се учи додека е млад“. Заедно со сопругата Цена, тој сними комично видео во кое ги вклучи и едногодишните близначиња – Веда и Вања – во домашни активности.

Во описот на видеото, Марко објаснува дека поради горештините и недостатокот на енергија, дошол до, како што вели, „брилијантна идеја“ – да ги воведе децата во домашните обврски уште од мали нозе.

„Во недостиг на енергија на овие пеколни температури и без никаква желба нешто да работам по дома, дојдов до брилијантна идеја. Решив да ги спремам Веда и Вања за она што ги чека понатаму во животот со мама Цена и тато. Но дали успеа целата работа – тоа е веќе друга приказна“, напиша тој.

Во видеото, Веда добива задача да користи метла под надзор на тато Марко, додека Вања, со помош од мама Цена, учи како се брише прашина. Резултатот од оваа семејна авантура е оставен на гледачите сами да го проценат.

Со насмевка и креативност, семејството покажа како времето поминато заедно може да биде и забавно и поучно. 

View this post on Instagram

A post shared by #ширимепозитива (@marko_noveski)

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г