Вистински животен кадар: Актерот Дац со сопругата Весна и внуките во објектив полн љубов

Добивај вести на Viber

На фотографијата што актерот Драган Спасов – Дац ја сподели на својот Фејсбук профил, јасно се гледа дека најголемата среќа не е на сцена, туку дома – со своите најблиски. Облечени во слични нијанси на бело, Дац, неговата сопруга Весна, и двете внуки – малата Гаиа и најновото семејно дополнение, Зои – изгледаат како дефиниција за семејна хармонија.

Во кадарот зрачи љубов и блискост – насмевката на малата Гаиа, нежниот поглед на Весна кон Зои и нежниот бакнеж на Дац се слика која не бара многу зборови. Ова е момент на чиста семејна магија, каде децата и внуците стануваат главни јунаци во животот.

„Полни раце љубов - Дац, Гаиа, Весна, Зои“ -напиша актерот во описот на фотографијата.


Оваа фотографија нè потсетува дека вистинската убавина е во секојдневните моменти на нежност и блискост. Љубовта не се глуми – таа се живее, особено кога си дедо на две прекрасни девојчиња. 

Дац и Весна се заедно повеќе од 15 години заедно, а љубовта пред матичар ја крунисаа со ДА , пред 3 години, кога Весна му приреди изненадување на Дац на еден негов настап.

- Имавме настап со Александар Митевски. Бевме задолжени за забава, за гостите кои го славеа роденденот. Бидејќи денеска ми е роденден, на полноќ нашиот диџеј ја пушти „Happy birthday“и сите пријатели кои беа присутни во локалот ми ја запеаа песната. Им се заблагодарив и им реков дека многу пријатно ме изненадија. Александар ми рече: „Те изненадивме, но сега ќе те потресеме“. Во тој миг видов како ми се приближува мојата Весна, која стави вел на главата, а потоа и матичарот. Пријателките имаа ленти на главата како старосватици. Веднаш ми ставија лептир машна. – откри тогаш Дац за Женски магазин.

„Многу сум среќен со неа. Таа ги заслужува сите суперлативи. Весна е харизматична, духовита, паметна, грацзиозна. Има љубов во тони и несебично ја споделува. Директор е на продажба во „Дајнерс“. – вели актерот за неговата сакана сопруга.


РЖМ/ИС