Владо Јовановски покажа што е за него патриотизам и објави „една идентитетска фотографија“

Добивај вести на Viber

Познатиот македонски актер Владо Јовановски сподели трогателен и полн со симболика момент од својот приватен живот. 

На својот профил на социјалните мрежи, тој објави фотографија со сопругата, на која двајцата се насмеани, во топла прегратка, а во заднина гордо се вее знамето со симболот на Кутлеш.

Фотографијата е насловена „Една идентитетска – маж, жена, сонце, радост и среќа“, што предизвика бројни реакции кај неговите следбеници. 

Со оваа објава, Јовановски не само што ја истакнува блискоста и љубовта со сопругата, туку и испраќа порака исполнета со патриотска и семејна симболика.

Судејќи по сè, фотографијата е направена на неодамнешната свадба на неговиот син, кој се ожени пред неколку недели.