Заљубени како првиот ден: Антонија Гиговска и сопругот во „откачена“ фотосесија

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Антонија Гоговска моментално ужива во летен одмор со своето семејство во Халкидики, Грција. 

Таа преку својот профил на Инстаграм им покажа на следбениците колку ѝ годи морето, сонцето, но и – друштвото на нејзиниот сопруг.

Парот позираше насмеано и вљубено, оставајќи впечаток дека љубовта меѓу нив цвета како и првиот ден. 

Инстраграм

Нивната позитивна енергија и блискост ги воодушевија фановите, кои со срца и коментари ја поддржаа нивната љубовна приказна.

Антонија и претходно открила дека нејзиниот сопруг ѝ е најголема поддршка, како во кариерата, така и во приватниот живот. Одмор исполнет со љубов и убави моменти – токму она што им прилега на млад брачен пар.