Летна експлозија: Вера во бикини на пена журка – ваква не ја гледаме секој ден!

Добивај вести на Viber

Поранешната Мис на Македонија и актуелна водителка на утринската програма на Канал 5 телевизија, Вера Мештеровиќ, ова лето одлучи да побегне од работните обврски и да се препушти на заслужен одмор со својата ќерка Јована.

Дестинацијата што ја одбраа за релаксација и забава е популарната Анталија во Турција – омилено место за летен одмор за многу јавни личности. Вера и Јована беа забележани на пена парти каде уживаат во весела атмосфера, музика, танц и летна енергија.

„Изгубена во море од меурчиња, каде што секоја пенаста снегулка е мал шепот на радост во моето срце, пенести бакнежи и желби за танц...“,напиша Вера во описот на видеото.

Со широка насмевка, без трошка шминка и во лежерно издание, Вера покажа дека и покрај медиумската кариера и обврските, знае да се препушти на моментите со семејството. Ќерката Јована, била нејзина блиска парнерка во оваа летна авантура.

View this post on Instagram

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

Вера, која со години е едно од најпрепознатливите телевизиски лица на утринската програма, покажа дека знае да направи вистински баланс меѓу професијата и приватниот живот.

Одмор исполнет со смеа, сонце и мајка – ќерка дружба е вистинска формула за лето кое ќе го памети.

Фото: Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г